Уживајте во магијата на театарската игра на Македонскиот народен театар. Нивните претстави отсега можете да ги гледате бесплатно, во вашите домови, преку нивниот YouTube-канал. Премиерите на претставите се со однапред утврдени дати, со почеток од 20 часот, а линковите и датумите за секоја премиера можете да ги најдете на фејсбук страницата на МНТ. Линковите до веќе одиграните премиери на театарските претстави, можете да ги најдете на следниот линк.