Од 21 до 31 мај онлајн ќе се одржува 10. Филозофски филмски фестивал со наслов „Пролетни онлајн миграции“ во организација на Филозофското друштво на Македонија, Кинотеката и македонската VoD платформа Cinesquare, со поддршка на Град Скопје. Ревијално онлајн ќе бидат прикажани неколку краткометражни, среднометражни (првпат на Фестивалот) и долгометражни (документарни) филмови, а електронски ќе биде достапен темат „Филозофија и филм“ на националното списание „Филозофска трибина“.
