Видеа за вежбање @ Fit Kit

Искористи го овој период во изолација за да поработиш на себеси — психички и физички. Доколку немаш инспирација за вежби или те мрзи сам/а да си смислуваш, секој ден (освен недела) од 19 часот Fit Kit организира онлајн тренинзи со најдобрите фитнес инструктори што ќе можеш да ги следиш на социјални профили на Fit Kit. Дополнително, за да им го направиме вежбањето забавно и за најмалите, започнуваат и со #ВежбамОдДома тренинзи за децата што ќе можеа да се следат секој работен ден во 11 часот на социјални профили на Fit Kit.

Дополнително, за да не оттргнат од негативното влијание од секојдневните случувања, Fit Kit воведоа #ВежбамОдДома talk show. Секој работен ден почнувајќи од 9 часот наутро на нивната Facebook страна, ќе имаш можност да бидеш дел од предавања од експерти на широка лепеза од теми како ментален фитнес, спортска медицина, придобивките од трчањето, постигнување на целите и многу други теми.

Последно ажурирано

април 25, 2020

Солидарна компанија

Fit Kit