Мобилната апликација ChallengerДома ги мотивира сите граѓани да останат дома и со тоа да го победат корона вирусот, a воедно апликацијата им помога на локалните бизниси да дојдат до нови клиенти. Апликацијата е целосно бесплатна за корисниците и за бизнисите и истата е достапна за iOS и Android. Апликацијата користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. Исто така за секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени Дома поени што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси.
