Дебатната програма во рамките на Младински образовен форум ве поканува да го проследите „Онлајн курсот за Aргументирано изразување“. Курсот започнува од 14-ти мај 2020 и ќе биде воден од страна на искусни дебатни тренери од МОФ. Предавањата се двочаснови и ќе се одржуваат еден месец, секој четврток со почеток во 19:00 часот на платформата за видеокомуникација Zoom со следниот распоред:
- 14-ти мај – Што е дебата и аргумент?
- 21-ви мај – Видови аргументи и техники на побивање;
- 28-ми мај – Анализа на тема;
- 4-ти јуни – Конструкција на говор.
Учеството на курсот е бесплатно, се што треба да направите за да присуствувате е да се регистрирате пополнувајќи го следниов формулар: https://forms.gle/ME3R8tj12AgVijMs5. Кога ќе дојде терминот за предавање, ќе ви биде испратен е-маил со линк до предавањето.
