Archive

Бесплатен вебинар @ Entrepreneur

Колку различни продажни канали има вашиот бизнис? Многу претприемачи страдаа во текот на изминатите неколку месеци затоа што нивните канали не беа доволно диверзифицирани. Од физички до онлајн продавници, постојат многу опции кои ќе ви помогнат за раст на вашиот бизнис. Придружете се за овој бесплатен вебинар со Entrepreneur на тема 10 Ways to Diversify Your Sales Strategy Online to Protect Your Business, бидејќи Џаред Мичел, експерт за стратегија за дигитален маркетинг и е-трговија и основач на „Beefysites“ ќе разговара за некои од најпопуларните канали за продажба и зошто е важно за вашиот бизнис да инвестира во диверзификација на продажниот канал. Клучни поенти: Како да ги проширите продажните канали за да се подготвите за предвидениот втор бран подоцна оваа година Разберете ги 10-те најпопуларни канали за продажба на е-трговија и како можете да ги користите за да ја диверзифицирате продажбата Важноста за инвестирање во различни продажни канали Прочитајте повеќе за вебинарот и регистрирајте...

Continue Reading

Глобален филмски online фестивал @ We Are One

Од 29 мај до 7 јуни ќе се одржи бесплатен онлајн фестивал кој обединува повеќе од 20 познати филмски фестивали. Сите донации кои ќе бидат собрани ќе одат за борба против Ковид-19. Сите сме едно: глобален филмски фестивал ќе се обиде да ги обедини филмските уметници на меѓународен настан кој ја прославува вештината на раскажување приказни. Помеѓу 20-те фестивали кои учествуваат со своја програма се и Берлинскиот, Венецијанскиот, Санденс, Сараево, Сан Себастијан и Трибека. Настанот се промовира како 10-дневен дигитален филмски фестивал без преседан во досегашната историја. Тој ќе се одвива на YouTube каналот We Are One. Иако има детален распоред, сепак голем број од филмовите ќе останат некое време онлајн. На програмата има кратки, анимирани и долгометражни филмови, документарци, интервјуа и мастеркласови со познати филмски уметници. Целиот распоред може да се види тука. ...

Continue Reading

Онлајн концерт на Влатко Стефановски Трио @ Literatura.mk

Вечерва во 20:00 часот уживајте во онлајн концертот на Влатко Стефановски Трио во живо на свеченото отворање на Literatura.mk Superstore во Skopje City Mall. Преносот од концертот можете да го следите на овој линк. ...

Continue Reading

Онлајн Мајски оперски вечери @ Национална опера и балет

Од Националната опера и балет известуваат дека десетте продукции (8 оперски и 2 балетски) кои беа предвидени во програмата на Фестивалот ќе бидат прикажувани онлајн на овој YouTube канал. Љубителите на оперската и балетската уметност ќе можат да уживаат во: Операта „Кармен“ (9 мај) Балетот „Рајмонда“ (12 мај) Операта „Турандот“ (15 мај) Операта „Кавалерија Рустикана“ (17 мај) Балетот „Балетски бисери“ (19 мај) Операта „Фауст“ (22 мај) Операта „Лидија од Македонија“ (24 мај) Операта „Адријана Лекуврер“ (26 мај) Операта „Травијата“ (29 мај) Операта „Аида“ (31 мај) ...

Continue Reading