Archive

Онлајн Мајски оперски вечери @ Национална опера и балет

Од Националната опера и балет известуваат дека десетте продукции (8 оперски и 2 балетски) кои беа предвидени во програмата на Фестивалот ќе бидат прикажувани онлајн на овој YouTube канал. Љубителите на оперската и балетската уметност ќе можат да уживаат во: Операта „Кармен“ (9 мај) Балетот „Рајмонда“ (12 мај) Операта „Турандот“ (15 мај) Операта „Кавалерија Рустикана“ (17 мај) Балетот „Балетски бисери“ (19 мај) Операта „Фауст“ (22 мај) Операта „Лидија од Македонија“ (24 мај) Операта „Адријана Лекуврер“ (26 мај) Операта „Травијата“ (29 мај) Операта „Аида“ (31 мај) ...

Continue Reading

Бесплатна алатка за претворање текст во говор на македонски јазик @ Emit Knowledge

Софтверот „МАИКА“ е бесплатна алатка којашто претвора текст на македонски јазик во говор. „МАИКА“ е следниот логичен исчекор што ќе придонесе кон збогатување на алатките и инфраструктурата на македонскиот јазик. Погледнете ја алатката тука.  ...

Continue Reading

Изведувачи од локална сцена @ Радио МОФ

Веб серијалот „Engage Кicks&Gigs@Home“ на Радио МОФ има за цел да ја поддржи локалната сцена од која се дел млади и алтернативни музичари кои од својот дом ги изведуваат омилените песни, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол. Серијалот можете да го пронајдете на Facebook страната на Радио МОФ.  ...

Continue Reading

Пренос на културна програма @ Град Скопје

Програмата наречена "Култура во време на корона" нуди  концерти, изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби со цел подржување на уметниците и доближување на културата до сечиј дом. Сите настапи можете да ги пронајдете на Facebook страната на Град Скопје. ...

Continue Reading

Дигитални книги @ Global Digital Library

Светската дигитална библиотека ја унапредува писменоста во пониските одделенија така што дава пристап до дигитални книги и приказни за деца и други четива на повеќе јазици. Може да се користи на компјутер. Повеќе информации се достапни на овој линк. ...

Continue Reading

Бесплатни дигитални сликовници @ Чекор по чекор

Фондацијата ,,Чекор по чекор'' нуди дигитални сликовници за раскажување на македонски, албански, турски и босански јазик за деца од предучилишна и училишна возраст, како и аудио сликовници на знаковен јазик и активности за дигитално учење. Достапни се на овој линк. ...

Continue Reading

Бесплатни едукативни и забавни содржини @ literatura.mk

Вработените на literatura.mk и Арс Ламина започнуваат иницијатива за разубавување на секојдневието на читателите со тоа што ќе споделуваат едукативни и забавни содржини како читање на извадоци или цели приказни од нивните достапни книги. Првиот пост е за најмладите, читање од книгата „Бајки од Македонија за цела година”, достапно тука. Следете го нивниот профил за повеќе креативни содржини во претстојниот период  ...

Continue Reading

Видеа со рецепти @ Shake/Шејк

Сакате да ја рекреирате вашата омилена пијачка за време на самоизолацијата? Погледнете го Youtube каналот на креативниот бармен Васил, кој ви има спремено многу вкусни рецепти кои можете да ги спремите од удобноста на својот дом. ...

Continue Reading