Archive

Виртуелни изложби @ Château de Versailles

Посетете ги виртуелните изложби на Версајскиот музеј бесплатно преку овој линк. Благодарение на соработката со Google technologies и делата избрани од страна на кураторите, посетителот се втурнува во интерактивни фрески и ги открива сликите, скулптурите и гравурите во ново светло. ...

Continue Reading

Илустрирана книга за деца „Коронавирус“ @ Издавачка куќа Феникс

Издавачка куќа ФЕНИКС ja претставува „Коронавирус“ - илустрирана книга за деца од британскиот издавач Nosy Crow на македонски јазик. Идејата за македонското издание, како и преводот е на Наталија Ѓерѓева. Изданието е направено без надомест, од срце и со љубов за нашите најмали и најмили. Научете нешто повеќе за вирусот и не заборавајте дека: „Еден ден, ова чудно време ќе заврши...

Continue Reading

Глобален филмски online фестивал @ We Are One

Од 29 мај до 7 јуни ќе се одржи бесплатен онлајн фестивал кој обединува повеќе од 20 познати филмски фестивали. Сите донации кои ќе бидат собрани ќе одат за борба против Ковид-19. Сите сме едно: глобален филмски фестивал ќе се обиде да ги обедини филмските уметници на меѓународен настан кој ја прославува вештината на раскажување приказни. Помеѓу 20-те фестивали кои учествуваат со своја програма се и Берлинскиот, Венецијанскиот, Санденс, Сараево, Сан Себастијан и Трибека. Настанот се промовира како 10-дневен дигитален филмски фестивал без преседан во досегашната историја. Тој ќе се одвива на YouTube каналот We Are One. Иако има детален распоред, сепак голем број од филмовите ќе останат некое време онлајн. На програмата има кратки, анимирани и долгометражни филмови, документарци, интервјуа и мастеркласови со познати филмски уметници. Целиот распоред може да се види тука. ...

Continue Reading

Бесплатни онлајн рецепти @ Што со брашното

Брашното е онаа состојка со која во кујната се создава магија. Sвездата во кулинарската алхемија. Го имаш брашното, сега дознај што сè можеш со него. Малку вода, малку квасец, многу љубов, вешти раце, и брашното оживува во 1000 облици и милион вкусови. Веб сајтот "Што со брашното?" ви нуди бесплатни рецепти во кои брашното е главна состојка. ...

Continue Reading