Archive

Бесплатен вебинар @ Entrepreneur

Колку различни продажни канали има вашиот бизнис? Многу претприемачи страдаа во текот на изминатите неколку месеци затоа што нивните канали не беа доволно диверзифицирани. Од физички до онлајн продавници, постојат многу опции кои ќе ви помогнат за раст на вашиот бизнис. Придружете се за овој бесплатен вебинар со Entrepreneur на тема 10 Ways to Diversify Your Sales Strategy Online to Protect Your Business, бидејќи Џаред Мичел, експерт за стратегија за дигитален маркетинг и е-трговија и основач на „Beefysites“ ќе разговара за некои од најпопуларните канали за продажба и зошто е важно за вашиот бизнис да инвестира во диверзификација на продажниот канал. Клучни поенти: Како да ги проширите продажните канали за да се подготвите за предвидениот втор бран подоцна оваа година Разберете ги 10-те најпопуларни канали за продажба на е-трговија и како можете да ги користите за да ја диверзифицирате продажбата Важноста за инвестирање во различни продажни канали Прочитајте повеќе за вебинарот и регистрирајте...

Continue Reading

Бесплатни обуки за креирање на видео игри и филмови @ iNovum

Oрганизацијата iNovum со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој на Република Северна Македонија организира едукативни бесплатни обуки за креирање на видео игри и филмови, преку 3Д моделирање и анимација, наменети за секоја старосна група, кои наставата ќе ја следат преку определена платформа, директно од своите домови. Преку интересни и практични вежби, лиценцирани инструктори ќе ја вршат онлајн обуката, а учесниците ќе се запознаат со сфера од ИТ технологиите која не е вклучена во формалното образование. Воедно, секој учесник ќе добие меѓународно признат сертификат за успешно завршената обука. Повеќе информации и линк за пријавување можете да пронајдете тука. ...

Continue Reading

Бесплатна е-книга за дигитален маркетинг @ Galeksia

Без разлика дали имате искуство или сте целосни почетници во полето на дигитален маркетинг, дознајте зошто и како да станете дигитален маркетер. Во оваа е-книга ги има најважните основни информации кои ќе ви помогнат успешно да ја започнете вашата кариера во дигитален маркетинг. Преземете ја тука. ...

Continue Reading

Бесплатен онлајн курс за аргументирано изразување @ Младински образовен форум

Дебатната програма во рамките на Младински образовен форум ве поканува да го проследите „Онлајн курсот за Aргументирано изразување“. Курсот започнува од 14-ти мај 2020 и ќе биде воден од страна на искусни дебатни тренери од МОФ. Предавањата се двочаснови и ќе се одржуваат еден месец, секој четврток со почеток во 19:00 часот на платформата за видеокомуникација Zoom со следниот распоред: 14-ти мај – Што е дебата и аргумент? 21-ви мај – Видови аргументи и техники на побивање; 28-ми мај – Анализа на тема; 4-ти јуни – Конструкција на говор. Учеството на курсот е бесплатно, се што треба да направите за да присуствувате е да се регистрирате пополнувајќи го следниов формулар: https://forms.gle/ME3R8tj12AgVijMs5. Кога ќе дојде терминот за предавање, ќе ви биде испратен е-маил со линк до предавањето. ...

Continue Reading

Бесплатна алатка за претворање текст во говор на македонски јазик @ Emit Knowledge

Софтверот „МАИКА“ е бесплатна алатка којашто претвора текст на македонски јазик во говор. „МАИКА“ е следниот логичен исчекор што ќе придонесе кон збогатување на алатките и инфраструктурата на македонскиот јазик. Погледнете ја алатката тука.  ...

Continue Reading

Веб сајт со забавна наука и настава @ Наука за деца

Споделувањето наука со најмладите во моменти кога тие се далеку од своите училишта е клучно за нивниот развој. Од таму произлегува идејата за креирање на веб сајтот Наука за деца, создаден од Кантарот, во соработка со порталот Наука за сите кој е единствениот македонски портал на кој секоја содржина е создадена и проверена од научници. Разгледајте ги содржините тука. ...

Continue Reading