Archive

Бесплатни платформи за работа од дома @ LogMeIn

Компанијата LogMeIn ги ставаат на располагање своите Emergency Remote Work Kits за состанување со вашите колеги, одржување на вебинари и поедноставено извршување на работните обврски од дома, достапни на овој линк за времетраење од 3 месеци. ...

Continue Reading

Бесплатни платформи за работа од дома @ Google

Се повеќе вработени, професори и студенти работат од дома како одговор на ширењето на COVID-19, Google ги става бесплатно на располагање G Suite и G Suite за образование со сите свои premium опции до 01.07.20, вклучувајќи: Поголем капацитет за групна работа, за најмногу 250 учесници во еден повик Пренос во живо за најмногу 100,000 гледачи во рамки на domain Способност за снимање на состаноци и документирање на истите на Google Drive ...

Continue Reading

Бесплатни огласи @ We Are Laika

Во претстојниот период, огласите на wearelaika.com се бесплатни за сите домашни и странски компании кои моментално нудат remote работа. Нивниот тим ќе се залага за: Зголемување на бројот на вработувања на домашните професионалци во категориите: IT, маркетинг, дизајн, продажба, човечки ресурси, корисничка поддршка, проектен менаџмент Поддршка на компаниите кои се погодени од кризата Носење на нови remote работни можности за домашната работна сила чии работни места се загрозени во овој момент ...

Continue Reading

Видеа со рецепти @ Shake/Шејк

Сакате да ја рекреирате вашата омилена пијачка за време на самоизолацијата? Погледнете го Youtube каналот на креативниот бармен Васил, кој ви има спремено многу вкусни рецепти кои можете да ги спремите од удобноста на својот дом. ...

Continue Reading

Алатка за работа од дома @ Basecamp

Се прашувате како ќе го подготвите вашиот тим за работа од дома? Алатката Basecamp е совршена за остварување на таа транзиција, бидејќи сите рокови, цели и обврски се организирани на едно место. Преземете ја алатката тука. ...

Continue Reading

Видеа со тренинзи @ Trinity

Тимот на Тринити се обидува да остане достапен за сите вас за да имате можност да останете во добро физичко и психичко здравје во овие тешки моменти за сите нас. Станува збор за лесни вежби што може секој да си ги направи дома. Погледнете тука. ...

Continue Reading

Онлајн обука @ Пивара Скопје АД

Со помош на алатката на Пивара Скопје наречена Youth Empowered, имате можност бесплатно да се едуцирате и надградувате преку онлајн обука директно на овој линк, каде што по завршување на истата, се здобивате со дигитален сертификат! ...

Continue Reading

Видеа за вежбање @ Fit Kit

Искористи го овој период во изолација за да поработиш на себеси — психички и физички. Доколку немаш инспирација за вежби или те мрзи сам/а да си смислуваш, секој ден (освен недела) од 19 часот Fit Kit организира онлајн тренинзи со најдобрите фитнес инструктори што ќе можеш да ги следиш на социјални профили на Fit Kit. Дополнително, за да им го направиме вежбањето забавно и за најмалите, започнуваат и со #ВежбамОдДома тренинзи за децата што ќе можеа да се следат секој работен ден во 11 часот на социјални профили на Fit Kit. Дополнително, за да не оттргнат од негативното влијание од секојдневните случувања, Fit Kit воведоа #ВежбамОдДома talk show. Секој работен ден почнувајќи од 9 часот наутро на нивната Facebook страна, ќе имаш можност да бидеш дел од предавања од експерти на широка лепеза од теми како ментален фитнес, спортска медицина, придобивките од трчањето, постигнување на целите и многу други теми. ...

Continue Reading