Archive

Алатка за работа од дома @ Charlie

Никогаш доста од алатки за работа од дома! Компанијата Charlie ја нуди бесплатно својата алатка која користи за подобро организирање на вашиот тим за работа и контролирање на сите податоци поврзани со него како менаџирање на работното време, евидентирање на нови вработени, performance engagement и целиот животен циклус на вашата компанија. Можете да ја добиете алатката на овој линк. ...

Continue Reading

Фитнес апликација @ Gold’s Gym

За фитнес ентузијастите, Gold's Gym нуди бесплатен пристап до нивната апликација Goldsamp до крајот на мај каде што ви се достапни повеќе од 600 аудио и видео вежби заедно со DJ миксови за да го направат вежбањето позабавно. Преземете ја апликацијата тука. ...

Continue Reading

Бесплатни едукативни и забавни содржини @ literatura.mk

Вработените на literatura.mk и Арс Ламина започнуваат иницијатива за разубавување на секојдневието на читателите со тоа што ќе споделуваат едукативни и забавни содржини како читање на извадоци или цели приказни од нивните достапни книги. Првиот пост е за најмладите, читање од книгата „Бајки од Македонија за цела година”, достапно тука. Следете го нивниот профил за повеќе креативни содржини во претстојниот период  ...

Continue Reading

Математички игри @ 99math

Од денес, на онлајн платформата ,,99math" може да се најдат математички игри и на македонски јазик. Оваа платформа овозможува разни математички активности за ученици од сите одделенија и е погодна за употреба во онлајн наставата. Достапна е на овој линк. ...

Continue Reading

Видео тренинзи @ Vezbajdoma

Новата платформа Vezbajdoma ви стои на располагање со видео тренинзи со цел вашето време да биде исполнето со физичка активност. Погледнете ги тренинзите тука. ...

Continue Reading

Бесплатна онлајн наплата на фактури @ Envoice.in

Бесплатно овозможена алатката електронско креирање и наплата на фактури -> Envoice.in За користење на истата може да се регистрирате на следниов линк Со Envoice.in без разлика дали сте дома или во важата канцеларија ви се овозможува: лесно онлајн креирање на фактури, брза наплата, автоматизиран потсетник, професионален изглед согласно вашите потреби, постојана заштита и сигурност на податоците, извештаи. За било какви информации може да контактирате со Крсте на: krste.gjoneski@emitknowledge.com ...

Continue Reading

Бесплатна алатка за комуникација @ Slack

Slack е тимска комуникациска апликација која обезбедува пораки во реално време, архивирање и пребарување на современи тимови. Тимската работа во Slack се случува во канали - едно место за пораки, алатки и датотеки - помагајќи им на сите да заштедат време и да соработуваат заедно. Slack ја собира целата ваша комуникација на едно место. За да почнете да користите оваа апликација, кликнете на следниот линк. ...

Continue Reading

Платформа за видео конференции @ Zoom

Zoom веќе нуди бесплатна верзија на својот софтвер за видео конференција која може да ја добиете тука, но компанијата во моментов работи на тестирање на својата мрежа за да „обезбеди максимална сигурност во услови на зголемување на капацитетот,, .Со бесплатната лиценца за Zoom Meetings, корисниците имаат пристап до сите потребни функции за аудио и видео конференции за групна соработка, вклучувајќи: Неограничен број на видео состаноци со најмногу 100 учесници Кристално чисти аудио и HD видео Приватни и групни разговори Онлајн поддршка  ...

Continue Reading