Archive

Бесплатни дигитални маркетинг услуги @ Javen.mk

Компанијата Јавен Адвертајзинг Едукација од Битола нуди бесплатни дигитални маркетинг услуги, односно бесплатна промоција за секој бизнис на нивниот веб сајт www.javen.mk. Сите заинтересирани компании добиваат своја мини бизнис страна со што ќе можат да бидат постојано пребарувани и прегледувани. Воедно, од компанијата нагласуваат дека ќе биде дополнително обезбедена и постојана промоција на социјалните медиуми.  ...

Continue Reading

Онлајн конференција за дигитален маркетинг @ The Next Web

Компанијата The Next Web организира онлајн конференција RE:BRAND чиј фокус е успешноста на брендирањето и дигитален маркетинг во непредвидливи времиња. Можете да добиете бесплатна карта со тоа што ќе поканите тројца ваши пријатели. Погледнете ги говорниците и пријавете се на овој линк.  ...

Continue Reading

Бесплатна апликација за собирање поени за попуст @ Challenger

Мобилната апликација ChallengerДома ги мотивира сите граѓани да останат дома и со тоа да го победат корона вирусот, a воедно апликацијата им помога на локалните бизниси да дојдат до нови клиенти. Апликацијата е целосно бесплатна за корисниците и за бизнисите и истата е достапна за iOS и Android. Апликацијата користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. Исто така за секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени Дома поени што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси. ...

Continue Reading

Изведувачи од локална сцена @ Радио МОФ

Веб серијалот „Engage Кicks&Gigs@Home“ на Радио МОФ има за цел да ја поддржи локалната сцена од која се дел млади и алтернативни музичари кои од својот дом ги изведуваат омилените песни, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол. Серијалот можете да го пронајдете на Facebook страната на Радио МОФ.  ...

Continue Reading

Онлајн Филозофски филмски фестивал @ Филозофско друштво на Македонија, Кинотека на С.Македонија и Cinesquare

Од 21 до 31 мај онлајн ќе се одржува 10. Филозофски филмски фестивал со наслов „Пролетни онлајн миграции“ во организација на Филозофското друштво на Македонија, Кинотеката и македонската VoD платформа Cinesquare, со поддршка на Град Скопје. Ревијално онлајн ќе бидат прикажани неколку краткометражни, среднометражни (првпат на Фестивалот) и долгометражни (документарни) филмови, а електронски ќе биде достапен темат „Филозофија и филм“ на националното списание „Филозофска трибина“. ...

Continue Reading

Веб сајт со забавна наука и настава @ Наука за деца

Споделувањето наука со најмладите во моменти кога тие се далеку од своите училишта е клучно за нивниот развој. Од таму произлегува идејата за креирање на веб сајтот Наука за деца, создаден од Кантарот, во соработка со порталот Наука за сите кој е единствениот македонски портал на кој секоја содржина е создадена и проверена од научници. Разгледајте ги содржините тука. ...

Continue Reading

Пренос на културна програма @ Град Скопје

Програмата наречена "Култура во време на корона" нуди  концерти, изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби со цел подржување на уметниците и доближување на културата до сечиј дом. Сите настапи можете да ги пронајдете на Facebook страната на Град Скопје. ...

Continue Reading

Онлајн предавања @ Mладински Образовен Форум

Младинскиот Образовен Форум организира онлајн предавања преку алатката Zoom кои се посветени на различни теми од сферата на театар, академско пишување, технологија и слично.. За нивниот серијал предавања можете да се регистрирате тука, а за детали во врска со одржување на предавањата, посетете ја нивната Facebook страна. ...

Continue Reading