Archive

Поволности за корисници @ A1 Македонија

Како знак на поддршка на сите корисници, А1 овозможува дополнителни 10GB интернет на сите мобилни корисници и услугата „Видео конференција'', достапни бесплатно за сите корисници. Интернетот може да се активира преку мобилната апликација „Мој А1”. Постпејд корисниците имаат можност доделениот интернет да го користат 30 дена од денот на активирањето, додека припејд корисниците 7 дена. Во соработка со „еyeson“, А1 бесплатно ви ја овозможува услугата „Видео конференција“, која е одлично решение да ги реализирате Вашите состаноци од удобноста на својот дом.Дознајте повеќe за оваа алатка тука. ...

Continue Reading

Онлајн платформа за учење @ JetMinds

Македонската интернет платформа „JetMinds” на која учениците од основните и среедните училишта можат да учат математика, e достапна бесплатно, заедно со сите свои премиум функционалности на овој линк.    ...

Continue Reading

Бесплатна програма за учење математика @ Интерактивна иднина

Програмата „Интерактивна математика“ во која се опфатени многубројни содржини како тестови за темелно разбирање на математиката е достапна за бесплатно преземање на овој линк.   ...

Continue Reading

Бесплатни радио драми @ Theatra.mk

Театрата е независен театар кој го носи театарот на едно ново ниво кое ја враќа суштината на театарот од кој било аспект: покачување на неговите стандарди со нови уметнички форми, изрази и значења. Како дел од  проектот „Секаде театар”, кој беше заснован на идејата дека театарот нема рамки, нема граници и сцената е предмет на имагинацијата. Theatra на својот веб-сајт бесплатно објави две радио драми. Линковите до овие две радио драми се следните : „Пеперутка“ од Сашо Димовски и „Случајно” од Дарко Лешоски.  ...

Continue Reading

Поволности за корисници @ Халк Банка АД Скопје

Со секоја направена онлајн трансакција со кредитна картичка од Халкбанк во некоја од наведените веб продавници собирате 5% бонус поени! Кампањата е активна секој ден од 20.03.2020 до 15.05.2020 година.  ...

Continue Reading

Надградени групни повици @ Viber

Поради новонастанатата ситуација, тимот на Viber го надградува групниот повик и ви овозможува додавање на максимум 20 лица во еден повик, за да ви е полесно и побезбедно да се поврзете со другите за време на ова предизвикувачко време - без притоа да бидете физички на истото место. Се што треба да направите е се да се ажурирате до најновата верзија на Viber. ...

Continue Reading

Поволности за корисници @ Македонски Телеком

Од 15 април, Телеком ви овозможува да уживате во некои од најдобрите македонски филмски достигнувања, овогодишните оскаровци и уште многу забавни филмови. Секоја вечер можете да очекувате промотивни проекции на филмски наслови со фестивалски квалитет, кои ќе бидат достапни за сите MaxTV корисници, без дополнителен надомест. Филмовите од MaxTV киното лесно ќе ги најдете во: Мени > Видеотека > MaxTV кино.  Проекцијата почнува во 20:00 часот, а филмовите ќе бидат достапни 24 часа.    ...

Continue Reading

Бесплатни театарски претстави @МНТ

Уживајте во магијата на театарската игра на Македонскиот народен театар. Нивните претстави отсега можете да ги гледате бесплатно, во вашите домови, преку нивниот YouTube-канал. Премиерите на претставите се со однапред утврдени дати, со почеток од 20 часот, а линковите и датумите за секоја премиера можете да ги најдете на фејсбук страницата на МНТ. Линковите до веќе одиграните премиери на театарските претстави, можете да ги најдете на следниот линк....

Continue Reading